Алиоски сака да остане во Турција, има три понуди на маса

Езгијан Алиоски почна почесто да добива шанса во тимот на Фенербахче, но ставот на турскиот гигант околу иднината на македонскиот репрезентативец воопшто не е променет, па левиот бек летово ќе мора да ги напушти „сино-жолтите“ од Истанбул. За потсетување, Алиоски дојде во Фенер на позајмица од Ал Ахли и на крајот од сезонава ќе мора да се врати во Саудиска Арабија, но долгорочниот план сепак е тој да не го облече повторно дресот на овој клуб, каде дојде од Лидс пред нецели две години.

Имено, Алиоски сака да остане во Туција, а во прилог на ваквата разврска оди и фактот дека македонскиот репрезентативец веќе на маса има три понуди од прволигаши од оваа земја. Анталијаспор е првиот тим што покажува сериозен интерес за 31-годишниот лев бек, а според турските медиуми од неодамна во трката се вклучиле и Анкарагучу и Карагумрук. Последниот збор ќе го имаат челниците на Ал Ахли, кои ќе мораат да дадат зелено светло за ваков трансфер да се реализира, но клубот од Саудиска Арабија не смета сериозно на Алиоски и големи се шансите тој да остане во Турција.

Езгијан Алиоски сезонава настапи на вкупно 26 натпревари за Фенербахче, притоа постигнувајќи еден гол и две асистенции.

Се вчитува...