Алиоски се врати на терените по тешката повреда

Езгијан Алиоски конечно ги надмина проблемите со тешката повреда што ја заработи пред неколку месеци, па македонскиот репрезентативец денеска го имаше својот камбек на терените, на пријателскиот меч што неговиот тим Лугано ја играше против бундеслигашот Келн.

Левиот бек беше повреден од крајот на месец декември, поради што ги пропушти клучните квалификациски средби за СП 2026 откако претходно беше меѓу најстандардните во нашата национална селекција.

Алиоски тренираше со остатокот од тимот, а денеска доби и шанса за камбек, откако влезе во игра на почетокот од второто полувреме од пријателскиот дуел со Келн. Информациите од Швајцарија говорат дека тој бил меѓу најдобрите поединци на теренот триесетина минути, по што бил повлечен од игра, се со цел да не се брза со преголема минутажа по долгата пауза.

Се вчитува...