Алиоски се врати во првиот тим, Фенербахче во полуфинале на турскиот куп

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, по речиси три месеци, се врати во првиот тим на Фенербахче кој лесно триумфираше со 4-1 против Кајсериспор за пласман во полуфиналето на турскиот куп.

Алиоски последен пат претходно беше стартер за Фенербахче на 15. јануари на првенствениот натпревар против Газиантеп, а сега се најде во почетниот состав на дуелот на кој тимот од Истанбул целосно доминираше.

Фенербахче уште во првото полувреме со двата гола на Мор поведе со 2-1, а потоа во второто полувреме погодија и Дурсун и Гулер. Алиоски го одигра целиот натпревар за Фенербахче кој во полуфиналето ќе се соочи со Сиваспор.

Се вчитува...