Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски се врати во првиот тим на Лидс јунајтед, по паузата во претходното коло, па неговиот тим славеше со 0-3 на гостувањето против Бристол сити во 13. коло од Чемпионшип лигата.
Алиоски одигра квалитетни 70 минути за Лидс, кој до триумфот стигна со два гола на Шпанецот Саинц и еден на Ласога.
По оваа победа, Лидс го прескокна Бристол сити на табелата, па со 23 бода сега е на четвртата позиција, со три бода заостанување зад водечкиот Вулверхемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА