Џани Алиоски има причина за радост откако вечерва го постигна својот прв премиерлигашки погодок, помагајќи Лидс да стигне до убедлива победа од 5-2 на дуелот со Њукасл. Македонскиот репрезентативец го постигна четвртиот гол за својот тим, од контранапад совладувајќи го гостинскиот голман, за осигурување на победата на тимот предводен од Марсело Биелса.
Нашиот интернационалец повторно доби шанса во стартниот тим и максимално ја оправда довербата на Биелса, за нова препорака што поскоро да добие понуда и да потпише нов договор со Лидс.
„Секогаш е добро чувството кога се победува. Овој триумф е важен за нашиот морал, за мотивацијата пред следните натпревари и тимскиот дух. Никогаш не се предаваме, секогаш веруваме во себе, знаеме дека треба да продолжиме да работиме напорно и успехот ќе дојде. И кога не победувавме игравме добро, тажни сме кога резултатот не ни е во полза, но продолжуваме да работиме напорно на секој тренинг, на секој натпревар. Вечерашниот меч беше прекрасен, дадовме пет гола, пет различни фудбалери, се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам. Мојот гол беше најдобар опис за играта на Лидс, петмина наши фудбалери беа во противничкиот шеснаесетник во тој контранапад. Не е ни важно кој ќе го даде голот, таквиот став на екипата доволно говори за сите нас“, изјави Алиоски по својот прв премиерлигашки погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

