Алиоски, сепак, го напушта Ал-Ахли и оди кај Барди во Трабзонспор!?

Долго време траат шпекулациите околу иднината на македонскиот репрезентативец Езѓјан Алиоски. Алиоски не беше регистриран за настапи за тимот од Саудиска Арабија поради преголемиот број на странци, меѓутоа се претпоставуваше дека еден од другите странски играчи ќе си оди, и со тоа ќе се отвори шанса за Алиоски.

Но, македонскиот играч не сака повеќе да чека, и затоа можно е да го напушти клубот и да се врати во Турција. Според последните информации, Алиоски би можел да заврши во Трабзонспор, кај Енис Барди, соиграчот од македонската репрезентација.

Преодниот рок во Турција трае уште три дена, до 9. февруари, па така во следните денови ќе се знае дали Барди ќе има „кам-бек“ во турската Суперлига, каде што настапуваше како позајмен во Фенербахче.

Се вчитува...