Алиоски: Сезоната не завршена, Фенербахче ќе се бори до крај за титулата

Фенербахче вчера „прокоцка“ два важни бода во дуелот со Истанбулспор. И покрај водството од 2-0, а потоа и од 3-2, тимот на Езџјан Алиоски не успеа да дојде до трите бода, а гостите успеаја да се спасат во последните мигови од мечот. Два гола за тимот на Истанбулспор постигна и македонскиот репрезентативец Валон Етеми.

Со тоа Фенер не го искористи „киксот“ на Галатасарај кој исто така играше нерешено, па наместо да им се доближи на само четири бода пред финишот од првенството, сега разликата е шест бода.

Алиоски за турските медиуми истакна дека неговиот тим немал среќа во дуелот со Истанбулспор и дека тимот ќе продолжи да се бори за првото место до крајот на сезоната.

„Не завршивме онака как ошто сакавме. Да победевме ќе бевме во подобра позиција. Но, не е ништо готово. Сезоната не е завршена, одиме до крај. Беше многу тешка вечер за сите. Бевме многу тажни и несреќни за пропуштената шанса. Фудбалот е таков. Имаше мигови кога од негатива успевавме да се вратиме, а сега тоа го стори нашиот противник. Среќата не беше на нашата страна. Секогаш има надеж, продолжуваме понатаму. Мораме да се подготвиме за следниот меч. После овој натпревар треба да ги кренеме главите. Имаме уште за играње и ќе се бориме до крај“, изјави Алиоски.

Се вчитува...