Марсело Биелса има апсолутна доверба во Езгијан Алиоски, па македонскиот репрезентативец ќе биде стартер на Лидс и на денешниот дуел од ФА Купот на Англија, на гостински терен против нисколигашот Кроли Таун. Алиоски денеска ќе прослави и значаен јубилеј, овој дуел ќе биде вкупно 150. за него во дресот на Лидс.
Македонскиот репрезентативец пристигна на „Иланд Роуд“ во 2017 година од швајцарскиот прволигаш Лугано, од Биелса беше прекомандуван од крило во офанзивен лев бек, но Алиоски одлично се снајде и во оваа улога. Поради ова аргентинскиот стратег му искажува доверба на Алиоски и во Премиер-лигата, каде нашиот интернационалец е меѓу најстандардните во тимот на Лидс.
Алиоски сезонава веќе има постигнато два погодоци во Премиер-лигата, еден во лига-купот, а денеска ќе има можност да се запише меѓу стрелците и во рамките од ФА Купот на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

