Алиоски со Ал Ахли се пласираше во 1/4 финалето во азиската ЛШ

Ал Ахли и Ал Хилал се пласираа во 1/4 финалето во азиската Лига на шампиони, откако ги елиминираа денеска Ал Рајан од Катар и Пахтакор од Узбекистан.

Ал Хилал со пораз од првиот меч со 1-0 од Пахтакор, сепак, на реваншот успа да слави убедливо со 4-0, и да се пласира во следната фаза.

Ал Јами, Малком и два гола на Ал Давсари го донесоа триумфот на тимот предводен од Жорге Жесус.

Ал Ахли, пак, имаше предност од 3-1 во мечот со Ал Рајан, и само ја потврди фаворитската улога со двата гола на Ријад Махрез во вториот дел.

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски влезе во 88. минута од средбата.

Претходно во 1/4 финалето се пласираа Ал Наср на Роналдо, Ал Сад, Јокохама и Бурирам.

Се вчитува...