Алиоски со македонското знаме во Англија (ФОТО)

Езгјан Алиоски од оваа сезона е на Островот и го носи дресот на Лидс јунајтед. Тој на одличен начин го промовира македонскиот фудбал во Англија како единствен презентер, и секогаш има време за нашите фанови кои ќе дојдат да ги следат натпреварите во Чемпионшип – дивизијата.

„Алиоски е одличен фудбалер, но и вистински професионалец, голем човек. Го следев мечот меѓу Ридинг и Лидс јунајтед, а потоа сакав за спомен да се фотографирам со македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Тој со радост тоа го прифати, ме внесе во ВИП зоната, ми подари дрес од Лидс јунајтед и направивме одлична фотка за спомен со македонското знаме“, открива фудбалскиот вљубеник Игор Ордев.

Езгјан Алиоски се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за претстојните два пријателски натпревари на македонската фудбалска репрезентација против Финска (23.март) и против Азербејџан (27.март) кои ќе се одиграат на неутрален терен во Анталија, Турција.

 

Се вчитува...