Алиоски со празни раце – Галата бара друг лев бек од Премиер-лигата

Езгијн Алиоски веќе подолго време преговара со Галатасарај за преселба во редовите на турскиот гигант на крајот од сезонава, но трансферот би можел да се искомпликува откако беше обелоденето дека Галата се свртел кон друг бек од Премиер-лигата. Станува збор за холандскиот интернационалец Патрик ван Анхолт, кој со години настапува во елитното англиско фудбалско друштво.

Ван Анхолт е член на Кристал Палас, но договорот со лондонскиот клуб му истекува во јуни годинава. Тој веќе најавил дека нема да потпише нов договор со Палас, што го прави крајно интересен бидејќи би бил достапен без никаква отштета, исто како и Алиоски.

Британските медиуми објавија дека преговорите меѓу Лидс и Алиоски за нов договор на македонскиот репрезентативец се прекинати. Нашиот интернационалец очигледно се подготвува за нов предизвик во кариерата, а интересно ќе биде да се види дали тој на крајот ќе заврши во Галата, или ќе прифати некоја од останатите понуди кои ги има на маса.

Се вчитува...