Репрезентативецот на Македонија, Eзгјан Алиоски ја доби наградата за најдобар гол на првенството за август. Ова беше дебитантски погодок на Алиоски во дресот на Лидс, а воедно ја осигура гостинската победа над Нотингем Форест со резултат од 2-0.
Нашиот репрезентативец продолжува да импресионира со настапите во англикската Втора лига, покрај овој погодок, Алиоски забележа и две асистенции на претходните натпревари.
„Горд сум што ја добив оваа награда, навистина ова е прекрасен гест ако се земе во предвид дека измина само еден месец откако играм за Лидс, и воопшто го чувствувам англискиот фудбал. Сепак, ние сме тим, една целина, а мене ќе ме радува само ако остваруваме победи, тоа ни е целта. Се надевам дека ќе продолжам да ги полнам мрежите, па да освојам уште неколку вакви награди. Како и да е, овој гол и оваа награда секогаш ќе бидат посебни за мене“, изјави Алиоски за англиските медиуми.
https://www.youtube.com/watch?v=0dVb1qaYKk4
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА