Македонскиот репрезентативец Езгија Алиоски денеска се очекува и официјално да стави потпис на договор со англискиот чемпионшиплигаш Лидс јунајтед, откако претходно треба да ги мине лекарските прегледи во клубот.
Алиоски веќе е во Англија, објавувајќи и неговата фотографија од летот за Островот, најавувајќи го трансферот во една од најфудбалските светски земји.
Како што беше и претходно објавено, менаџерот на Лидс, Томас Кристиансен, кој беше претходно и тренер на Иван Тричковски во АЕК Ларнака, инсистираше на доведувањето на Алиоски во Лидс како засилување за нападот во својот тим.
И швајцарски Базел последниот период нескриено покажуваше интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец, но на крај победи желбата и на Алиоски за продолжување на кариерата во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА