Езгијан Алиоски е во главна улога на последните натпревари на Лидс јунајтед, па македонскиот ас неслучајно се најде во фокусот на клупската телевизија. Во емисијата под име „Ти си тренерот“ Алиоски говореше на различни теми, па на прашањето „како кој тренер би сакал да бидеш“ – Македонецот одговори со „Жозе Мурињо“.
За омилена формација ја избра онаа вообичаената 4-2-3-1 на која инсистираат голем број од тренерите, а во својот идеален тим, составен од по еден играч на секоја позиција, Алиоски ги избра Буфон, Рамос, Модриќ и Роналдо, избирајќи го Португалецот пред Лионел Меси.
Целото интервју на Алиоски за клупската телевизија на Лидс можете да го проследите на следниот ЛИНК .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА