Еден од најдобрите македонски репрезентативци Езгијан Алиоски смета дека Македонија, согласно тоа што го покажа на дуелот во Скопје, може комплетно да се надигрува со Италија и на престојниот квалификациски дуел во Торино кој го играме на 6. октомври.
„Знаеме дека Италија е силна репрезентација и сигурно ја носи фаворитската улога против нас. Сепак, според играта која ја покажавме против нив во Скопје мислам дека имаме повеќе од доволно верба дека можеме до позитивен резултат. Нема што да загубиме. Ќе се обидеме и во Торино да ја играме нашата игра согласно договорот со селекторот, па сигурно може да се надеваме на успех“ – вели Алиоски и дополнува:
„Според мене важно е да не примиме брз почетен гол. Потоа, мислам дека ќе може да се впуштиме во помирен натпревар во кој можеме до изненадување“.
Алиоски вели дека е задоволен од неговите настапи во дресот на Лидс сезонава, и покрај оценките дека неговата форма падна на последните неколку меча, посебно по враќањето од септемврискиот репрезентативен собир…
„Јас сум задоволен од моите настапи во Англија. Секако оставен е простор и за уште подобри изданија, но во секој случај играм во одлична лига каде што можам дополнително да напредувам“ – вели Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА