Членот на Ал-Ахли и македонски репрезентативец Езџјан Алиоски, се најде во тимот на годината за изминатата 2022 година.
Левокрилниот фудбалер имаше одлични настапи во дресот на Ал-Ахли, а во август се пресели во Фенербахче како позајмен играч. И покрај тоа што играше само во првите шест месеци од годината во Саудиска Арабија, сепак, доби оценка 7,19.
По истекот на позајмицата од Фенербахче, треба да се врати во Ал-Ахли, иако имаше информација дека тоа ќе го стори уште зимава. Сепак, имаше информации дека Фенер на крајот ќе се реши да го откупи неговиот договор од тимот од Саудиска Арабија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

