Езгијан Алиоски, без сомнение, беше еден од најзапазените македонски репрезентативци на синоќешниот дуел против Албанија од квалификациите за СП 2018. За жал, единствено не успеа со погодок да ја круниса одличната игра и покрај неколкуте одлични обиди од далечина…
Алиоски смета да македонската репрезентација заслужи триумф…
„Направивме многу шанси, и јас самиот имав одлични можности за гол но Бериша беше одличен на голот на Албанија. Заслуживме победа, но тоа е фудбалот. Да бидам искрен не очекував толку слаба Албанија која знам дека е одличен тим. Но како да играа во грч, па затоа е поголемо разочарувањето за пропуштената шанса за победа. Имам многу пријатели во албанската репрезентација, но на теренот секако следеше жестока битка во која секој сака да победи. Надвор од него постои огромна почит меѓу нас“ – истакнува Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА