ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски
Езгијан Алиоски го постигна својот прв погодок на ЕВРО 2020, откако одлично се снајде по промашениот пенал, но и тоа беше недоволно за целосен камбек и освојување на првиот бод на овој шампионат.
Тој изрази жалење за слабата игра во првото полувреме, кое се покажа пресудно за конечниот исход на натпреварот во Букурешт.
„Во првото полувреме требаше да имаме подобар пресинг, да бидеме поагресивни и тоа ни беше проблем, не можевме да влеземе во ритамот. Примивме два гола, но потоа е тешко да се вратиш кога ќе губиш со 2-0 на европско првенство. Требаше цел меч да го играме како ова второто полувреме. Секој меч е тежок, мора да си максимално фокусиран и сериозен во пристапот. За нас беше важно да земеме бод денеска бидејќи со она што го игравме во второто полувреме го заслуживме. Зошто не игравме цел меч, тоа е прашање, но сега попусти се прашуваме зошто, зошто… едноставно тоа е фудбалот“, изјави Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА