Новозеландската тинејџерка, Алис Робинсон е новото име на алпското скијање. Таа триумфираше на воведната трка од новата сезона од Алпскиот светски скијачки куп во австрискиот Зелден. 17-годишната Робинсон победи на велеслаломот кој традиционално ја отвора сезоната со вкупно време од 2:17:36 минути и беше за шест стотинки подобра од бранителката на титулата во Светскиот куп, Американката Микаела Шифрин.
По првата трка, распоредот беше обратен, Шифрин беше во водство, Робинсон доцнеше 14 стотинки. Ланската победничка на оваа трка, Французинката, Теса Ворили заврши на третата позиција.
Алис Робинсон се промовираше на крајот од минатата сезона, кога на завршницата во Солдеу се избори за втора позиција на велеслаомот, тогаш зад Шифрин, што пак и донесе пласман на Светското јуниорски првенство.
Утре во Зеледен ќе се вози воведната трка во машка конкуренција, исто така велеслалом. Потоа Светскиот куп се сели во Леви каде трките се закажани за крајот од следниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА