Бразилскиот чувар на мрежата, Алисон Бекер одигра фантастичен натпревар против ПСЖ во осминафиналето во Лигата на Шампионите, бранејќи девет обиди на противникот.
За неверојатниот настап во Париз доби пофалба и од страна на тренерот Арни Слот кој го нарече најдобриот голман на светот.
„Алисон е најдобриот голман на светот. Никогаш не сум видел некој да брани на такво ниво. Беше неверојатен во секој момент од натпреварот“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

