Алисон горд: Ова ми беше најдобриот меч во кариерата

Харви Елиот можеби го постигна победничкиот гол за Ливерпул во Париз, но нема дилема кој беше човек на одлука на мега-пресметката на „Паркот на Принцовите“.

Алисон Бекер бранеше фантастично во текот на сите 90 минути, запирајќи ги сите девет удари кои одеа во рамките на неговиот гол. Комплименти за изданието на голманот на Ливерпул доаѓаат од сите страни, а и тој самиот не го криеше воодушевувањето од изданието на овој исклучително тежок натпревар.

„Ова ми беше најдобриот меч во кариерата, секако дека сум среќен. Тренерот пред мечот ни говореше колку ќе биде тешко против ПСЖ, колку се добри со топката и дека ќе мораме да бидеме подготвени да патиме… Знаевме што ќе се случува, но бевме спремни“, изјави Алисон.

Се вчитува...