Шахистите на Алкалоид ја запишаа и третата победа во 3. коло на Европскиот куп на шампионите кој се одржува во Порто Караса, Грција.
„Фармацевтите“ и во третата рунда натпревари стигнаа до убедлив триумф славејќи со 5-1 против германскиот Вердер Бремен. Единствено на првите табли ремизираа Кинезите Лирен Динг и Ју Јангжи, а победи славеа Дмитриј Андрејкин, Дмитри Јаковенко, Павел Елјанов и Јури Криворучко.
Вториот наш претставник на Купот на европските шампиони, Гамбит загуби со 1,5-1,5 од Ахен од Германија. Единствената победа ја запиша ФМ Стојчевски на четвртата табла, а ремизираше на првата табла велемајсторот Арнаудов. Порази доживеаја ИМ Дончевски, ИМ Николовски, ФМ Динев и ФМ Андоновски.
По првите три кола, ШК Алкалоид е една од петте екипи, во конкуренција на 61 тим колку што учествува на Купот, кои имаат максимални 6 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА