Алкалоид без проблеми на гостувањето кај Прилеп

Ракометарите на Алкалоид забележаа нова победа во домашниот шампионат, откако вечерва во последниот натпревар од денешната програма од 16. коло од Суперлигата славеа на гостувањето кај Прилеп со 33-39.

Прилепчани одиграа солидно прво полувреме по кое имаа негатива од само три гола 16-19. Ситуацијата на теренот се движеше слично и во вториот дел. Гостите повторно беа за нијанса подобри и на крајот стигнаа до конечен триумф од 33-39.

Мартин Серафимов со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Димитар Димитриоски постигна десет гола.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...