Ракометарите на Алкалоид стигнаа до нова голема победа во борбата за третото место во плеј-офот од Суперлигата откако денеска во премиерниот меч од 6. рунда славеа на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 со 30-35.
Натпреварот почна во изедначена игра, а гостите во неколку наврати успеваа само да стигнат до плус два, се до средината на првото полувреме во кое со серија од (1-5) успеаја да направат предност од плус четири (8-12). До крајот на првите триесет минути избраниците на Кирил Лазаров стигнаа и до највисоките плус пет (15-20). Во вториот дел успеаја да го исконтролираат мечот за конечни 30-35.
Мартин Серафимов и Божидар Илиевски со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Павле Петровиќ постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА