Алкалоид без проблеми против Прилеп

Лидерот во ракометната Суперлига на Македонија, Алкалоид стигна до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во премиерниот меч од последното за оваа 2024 година, 15. коло славеше на гостувањето кај Прилеп со 30-40.

Избраниците на Кирил Лазаров подобро го отворија натпреварот и до крајот на првото полувреме успеаја да стигнат до позитива од пет гола 13-18. Во вториот дел „фармацевтите“ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 30-40.

Александар Петковски со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Никола Цветаноски постигна пет гола.

Се вчитува...