Алкалоид забележа нова импресивна победа во ракометната Прва лига откако овој тим на домашен терен го декласираше составот на Текстилец со преубедливи 50-22.
Ефикасниот напад и цврстата одбрана беа рецепт за успех на избраниците на тренерот Савевски и на овој натпревар, до двоцифрена предност се стигна уште во првиот дел (23-12), за во второто полувреме да се стигне до преубедливи „плус 38“.
Тринаесет различни ракометари се запишаа меѓу стрелците за тимот на Алкалоид, а најефикасни беа Стојков и Тодески со по осум, пред Кофиловски, Стојковиќ и Димовски со по пет погодоци.
Убедливо најефикасен поединец на овој натпревар беше ракометарот на Текстилец, Васе Петров, со 17 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА