Алкалоид чесно до крај, победа над Охрид што ја слави цела Битола

Ракометарите на Алкалоид славеа на домашен терен против Охрид со … во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија.

Тимот од Автокоманда одигра чесно до крај иако овој меч не им значеше ништо и секако на крајот е третопласиран во оваа фаза од натпреварувањето.

Сепак, доколку загубеше Алкалоид, Вардар ќе беше прв и ќе пренесеше еден бод во плејофот. Сепак, со триумфот на Алкалоид на крајот Пелистер заврши како првопласиран и со предност ќе влезе во плеј-офот.

Иако Алкалоид имаше предност по првото полувреме од пет гола 17-12, Охриѓани успеаја да се вратат и да стигнат до израмнување во вториот дел 22-22. Сепак, домаќините одиграа одлично во последните петнаесет минути во кои одличен беше голманот Благојче Траковски и на крајот славеа со 29-26.

Mартин Серафимов со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Теимураз Орјоникидзе постигна девет гола.

Се вчитува...