Победничката серија на Алкалоид продолжи и на денешниот дуел со Бутел, на кој тимот на Кире Лазаров славеше со 27-21 во својот последен домашен натпревар оваа сезона. „Сино-белите“ на крилјата на извонредниот куп-триумф од пред неколку дена одиграа уште еден квалитетен натпревар во кој беа подобар ривал на противникот и заслужено стигнаа до нова победа.
„Бутелци“ се покажаа како незгоден противник во првото полувреме во кое целосно му парираа на фаворитот, но гостите не успеаја да го издржат темпото што го наметнаа избраниците на Кире Лазаров. Откако на одмор се замина со израмнети 11-11, Бутел парираше само до 14-14. Алкалоид тогаш успеа да влезе во серија, набрзина поведе со 20-15, по што „сино-белите“ рутински го исконтролираа резултатот до самиот крај и конечната победа.
Дамјан Митев беше најефикасен во победничкиот табор со шест погодоци, пред Џонов, Серафимов, Велковски и Димовски со по три. Прв стрелец на Бутел во денешниот пораз беше Јефтиќ со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА