Ракометарите на Алкалоид славеа импресивна победа од 49-32 над составот на Дубочица на стартот од последната фаза од подготовките во која „сино-белите“ од Автокоманда ќе одиграат контролни средби со ривали од регионот.
Српскиот тим не беше достоен ривал за избраниците на тренерот Кире Лазаров, кои одиграа импресивно во нападот, успевајќи да потигнат фантастични 49 погодоци во мрежата на противникот. Лазаров им даде шанса на сите ракометари, кои максимално одговорија на она што стручниот штаб го побара од нив, иако е јасно дека постои простор за напредок како што ќе одминуваат овие подготовки и ќе се приближува и официјалниот старт на новата сезона.
Алкалоид следниот контролен натпревар ќе го игра против хрватскиот прволигаш Сесвете, како загревање за големиот европски предизвик и квалификацискиот меч за влез во Лигата на Европа на ЕХФ, на гостински терен против Хановер закажан за 31 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

