Aлкалоид до врв го наполни голот на Клаипеда и е со една нога во следната рунда во ЕХФ купот

Ракометарите на Алкалоид со предност од eдинаесет гола (42-31) ќе патуваат на реваншот во Литванија против Клаипеда во 2. коло од новата сезона во ЕХФ купот. Гостите беа во егал со нашиот тим само до средината на првото полувреме кога резултатот беше 9-9.

Избраниците на Кирил Лазаров до крајот на првиот дел одиграа фуриозно и на пауза заминаа со позитива од шест гола (18-12). Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за на крајот да се стигне до одлични 42-31.

Никола Костески со десет и Арно Бинго со девет гола беа најефикасни во таборот на нашиот тим, додека кај поразените Бенас Буткус постигна шест гола. Реваншот меѓу овие два тима е за седум дена во Литванија.

 

Се вчитува...