Алкалоид доби австриски противник во ЕХФ купот

Ракометарите на освојувачот на Македонија, Алкалоид ја добија австриската Вест Виена за противник во 1/16 финалето од третото по ранг европско клупско натпреварување, ЕХФ купот, одлучи денешната ждрепка во Виена.

Избраниците на Кирил Лазаров по успешниот двомеч против Драгунас Клаипеда сега ќе имаат нова задача да ја преживеат зимата во Европа.

Првиот натпревар ќе се одигра на 23. или 24. ноември во Скопје, додека реваншот е закажан една недела подоцна во Виена.

Се вчитува...