Алкалоид доби италијански тим на патот кон 1/4 финалето во ЕХФ Купот

Алкалоид, единствениот македонски претставник во ЕХФ Европскиот Куп го доби противникот за следната елиминациска рунда во ова натпреварување.

Алкалоид во 1/8 финалето ќе игра против екипата на Бриксен од Италија. Тимот предводен од Лазаров на патот кон 1/8 финалето, ги еломинираше Клаипеда и Вест Виена, остварувајќи четири победи.

Дуелите ќе се играат во февруари идната година.

ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Бриксен – Алкалоид
АЕК – Крка
Партизан – Диомидис Аргус
Драмен – Олимпијакос
Рунар – Бешикташ
Анортозис – Извиѓач
Хаукар – Јерузалем
Баја Маре – БК – 46

 

Се вчитува...