Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп, Алкалоид е на добар пат да се пласира во четвртфиналето од натпреварувањето откако во првиот осминафинален меч против италијанскиот претставник Бриксен стигна до убедлив триумф и тоа на гостински терен од 32-44.
Избраниите на Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар, контролирајќи ја средбата од самиот почеток до крај. На стартот на средбата се истакнаа голманите. Кизиќ имаше осум одбрани, а Галевски одбрани два пенали па Алкалоид замина на полувремето со предност од 18-23.
Ефикасната игра на македонскиот тим продолжи и во вториот дел од средбата, а отпорот на противникот беше целосно надминат во завршницата за двоцифрен триумф.
Со шест голови Игор Ѓоргиев беше лидер на Алкалоид, а него го следеа Серафимов и Петковски со по шест голови. По четири постигнаа Велковски и Оливеира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

