Екипата на Алкалоид се закити со трофејот младински првак на Македонија откако во драматично финале славеше над Бутел со 23-22.
Овие два тима играа и во финалето во кадетска конкуренција, тогаш „бутелци“ триумфираа во неизвесна завршница, но денеска Алкалоид беше тимот што беше подобар на теренот и заслужено се закити со пехарот, прв во клупската историја на РК Алкалоид.
За МВП ракометар на овој завршен турнир беше избран македонскиот репрезентативец Марко Митев од Бутел, кој летово ќе ги смени клупските бои и ќе се пресели во редовите на Алкалоид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

