Алкалоид е победник на Меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Кадетскиот тим на Алкалоид e победник на вториот Меморијален турнир „Марко Божиновски“ што се одржува во чест на прерано починатиот македонски ракометар и репрезентативец.

Алкалоид победи на турнирот на кој учествуваа екипите на Коњух од Босна и Херцеговина и македонските екипи Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Голден Арт и Аеродром.

Во финалето скопскиот тим ја совлада екипата на Коњух со 26-25, победа извојувана во тежок натпревар кој имаше и драматична завршница, во која сепак, подобро се снајде составот на Алкалоид.

Се вчитува...