Ракометарите на Алкалоид стигнаа до убедлив триумф на гостински терен над Куманово од 26-40 во натпревар од второто коло во новата сезона во ракометната Супер-лига на Македонија.
Избраниците на Кире Лазаров и овојпат демонстрираа квалитетен и брз ракомет за кој домаќините не најдоа одговор. Алкалоид изгледаше беспрекорно во нападот во првото полувреме, па на пауза заминаа со предност од 10-19.
Во вториот дел гостите продолжија да ја одржуваат играта под своја контрола, предноста растеше до момент што во целост го неутрализираа и откажаа противникот.
Александар Стојков со осум гола се истакна кај Алкалоид, додека најдобар поединец во таборот на Куманово беше Вучко Мрвовиќ со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА