Актуелниот шампион на Купот на Македонија и воедно лидер на Суперлигата, Алкалоид ги дозна можните противници во следната фаза од третото по ранг европско ракометно натпреварување, ЕХФ Купот.
Избраниците на Кирил Лазаров по успешниот двомеч против Драгунас Клаипеда се најде во вториот шешир што ги зголеми шансите за во 1/16 финалето да добие тежок противник.
Можните противници на скопскиот тим се: Извиѓач, Баја Маре, Арендал, Крка, Хаукар, Олимпијакос, Ловосице, Целје, Винтертур, Бистрица, АЕК, В. Виена, Бешикташ, Партизан, Ерусалим и Драмен.
Ждрепката ќе се одржи во вторник во седиштето на ЕХФ во 11 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА