На 14. ноември ракометниот тим на Алкалоид го чека нов предизвик во Лигата на Европа. Македонскиот вицепрвак е домаќин на Бјерингбро Силкеборг во рамките од третото коло во европското натпреварување.
Ракометниот клуб Алкалоид информираше дека билетите за натпреварот се веќе пуштени во продажба.
Дуелот се игра во СЦ Јане Сандански во Скопје со почеток во 18:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА