Ракометарите на Алкалоид без апсолутно никакви проблеми дојдоа до осмата победа сезонава во Суперлигата, триумфирајќи убедливо со 47-16 (20-8) во 9. коло против екипата на Куманово.
Во првиот меч од викенд колото во Групата А од Суперлигата, Алкалоид од самиот почеток на мечот навести дека нема да дозволи никакво изненадување. Па, веќе по 15 минути игра „фармацевтите“ дојдоа до предност од 12-6, за да на полувремето заминат со повеќе од убедливи 20-8.
Во второто полувреме само рутински се одржуваше водството, за да на крајот се дојде до победата од 31 гол разлика, од 47-16.
Кофиловски со 11 гола беше најефикасен, а Стојков и Серафимов постигнаа по пет гола во победничкиот тим, додека кај Куманово најдобар стрелец беше Мрвовиќ со пет постигнати гола.
Куманово, остана по овој пораз, на само една победа досега во девет одиграни натпревари во суперлигашкото друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА