Екипата на Алкалоид е победник на третиот меморијален турнир „Марко Божиновски“, кој во претходните три дена се играше во скопската населба Ново Лисиче.
Беспрекорната организација и интересните натпревари понудија ракомет за уживање меѓу екипите од кадетска конкуренција, кои вообичаено се натпреваруваат во овој турнир.
Кадетите на Алкалоид прикажаа најмногу на турнирот, најпрвин славеа над Морнар, Струга и над Бутел, за во големото финале по голема битка да го совладаат и тимот на Коњух од БиХ, со минимални 28-27.
Третото место на турнирот го освои Е. Пелистер, кој во „малото финале“ славеше над црногорски Морнар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА