Ракометарите на Алкалоид остануваат перфектни во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен го прегазија МРК Куманово со 40-25 во премиерниот меч од 10. коло од Суперлигата.
Избраниците на Кирил Лазаров тргнаа фуриозно уште од самиот почеток на натпреварот, па веќе по триесет минути игра имаа голема предност од дванаесет гола (23-11). Во второто полувреме тимот од Автокоманда само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 40-25.
Александар Петковски со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Дарио Симоноски заврши со ист број на погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА