Алкалоид го победи Прилеп на првиот тест

Алкалоид серијата на пријателски натпревари пред почетокот на новата сезона ја отвори со победа над Прилеп, во меч кој се одигра во Маврово.

Мечот се играше 3х25 минути, а на крајот избраниците на Кире Лазаров славеа со 43-30. И Алкалоид и Прилеп во текот на сите 75 минути им дадоа шанса на сите ракометари.

Со овој натпревар, завршуваат подготовките на Алкалоид во Маврово, и денеска екипата повторно се враќа во Скопје. Следниот петок Алкалоид заминува на подготовки надвор од земјава, и ќе одигра уште неколку меѓународни тестови.

Се вчитува...