Алкалоид го претстави својот дом – за уште еден чекор напред (фотогалерија)

Ракометниот клуб Алкалоид денеска и официјално го претстави својот нов дом – салата Автокоманда во која новиот суперлигаш инвестираше за нејзино реновирање и подобрување на условите за тренинзи и натпревари.

„Сино-белите“ не го кријат задоволството од добивањето на нов дом, како уште еден чекор напред за создавање на услови за забрзан развој на клубот што за една година влезе од Првата во Супер-лигата, а сега го освои второто место во суперлигашката група, веднаш зад шампионот Вардар.

Јасна е желбата на сите во клубот за уште поголем развој во иднина, а обезбедувањето на свој дом е само чекор напред во тој правец…

Се вчитува...