Ракометарите на Алкалоид со пресврт во вториот дел успеаја да дојдат до втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид. Вечерва избраниците на Кире Лазаров беа подобри од Олимпијаско со 28-26, откако по првиот дел губеа 12-14.
Сепак, во второто полувреме македонската екипа заигра подобро, и успеа да ја достигне негативата, а потоа да направи пресврт и да дојде до триумфот. Најефикасни беа Костески, Џонов и Симоноски кои постигнаа по четири гола.
На турнирот денеска се одиграа уште два натпревари. Целје со совлада Партизан со 32-26, додека Динамо Панчево беше подобар од Ловќен со 33-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА