Алкалоид им се приклучи на Вардар и Е.Пелистер во Ф4 во Купот

Ракометарите на Алкалоид се пласираа на Ф4 турнирот во Купот на Македонија. Во 1/4 финалната група која се играше во Автокоманда, ги совлада екипите на Радовиш и на Пролет, и така обезбеди учество меѓу најдобрите четири.

Алкалоид најпрво го совлада Радовиш со 42-21, а потоа во финалето играше против Пролет кој го доби со 34-18. Дуелот против Пролет, избраниците на Кирил Лазаров го добија со одлична игра во вториот дел, откако беше на полувремето 15-12. Во тој период Алкалоид дозволи само шест гола на противникот, додека тие постигнаа 19, за конечниот триумф.

Најефиксен беше Дамјан Митев со девет голови, Костески постигна шест.

Се очекува четвртиот учесник да биде тимот на Охрид, откако претходно учество обезбедија Вардар и Е.Пелистер.

Се вчитува...