Алкалоид рутински прокнижи нови бодови на суперлигашката табела откако тимот на Кире Лазаров славеше на домашен терен против Радовиш со убедливи 45025. Фаворитската улога беше рутински оправдана, а разликата во квалитет му овозможи на Лазаров и да им даде нешто поголема минутажа на оние играчи кои повеќе време минуваат на клупата.
Првите осум минути донесоа ефикасен ракомет на двете страни (8-7), но беше јасно дека радовишани нема да можат уште долго да го издржат брзото темпо што го наметнаа домаќините. Предноста почна да расте, со голот на Ѓоргоски на одмор се замина со 23-15, а веќе во првата минута од вториот дел Алкалоид го имаше и првото двоцифрено водсттво (25-15 по голот на Никола Маркоски.
„Сино-белите“ продолжија да доминираат на теренот до самиот крај на овој натпревар, славејќи со конечните „плус 20“. Kапитенот Ѓоргиев беше прв стрелец со шест гола, а по пет погодоци постигнаа Џонов, Петковски и Ѓорговски.
Бутел се врати на победнички патеки со победата над Куманово со резултат 37-29, меч во кој брилијантен беше десниот бек Николов со 12 постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

