Ракометарите на Алкалоид со убедлива победа на гостински терен кај Струга од 14-38 ја отворија натпреварувачката 2025 година како дел од 17. коло од Суперлигата на Македонија.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа неверојатно во одбраната во првото полувреме дозволувајќи му на противникот само пет гола, па на пауза замина со убедливи 5-17. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 14-38. Maртин Ивановски со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Филип Пајкоски постигна пет гола.
До лесна победа стигна и Охрид кој славеше на гостувањето во Велес кај Бисинов Фруитленд со 29-35. Најдобар поединец во таборот на победникот беше Ловро Јотиќ со седум гола, додека кај поразените Черубим, Петров и Миланов постигнаа по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

