Дуелот меѓу Охрид и Алкалоид требаше да биде дерби на второто коло од Супер-лигата, но гостите со супериорна игра се погрижија да стигнат полесно од очекувањата до нови бодови, славејќи со убедливи 22-28. Алкалоид со импресивното издание само ги потврди високите амбиции за новата сезона, додека охриѓани се прикажаната немоќ во голем дел од мечот демонстрираа дека ги чека уште многу работа, иако инвестираа сериозно во нови ракометари во текот на летово.
Мечот почна со апсолутна доминација на избраниците на Кире Лазаров, кои набрзина поведоа со 0-6. Охриѓани успеаја да се консолидираат, се вратија резултатски, па за момент дури и стигна до израмнување од 7-7. Алкалоид одговори со два гола во низа, по што актуелниот вицешампион дополнително додаде гас, на одмор заминувајќи со удобно водство од 10-16. Подобрата игра на скопјани продолжи и на стартот од второто полувреме, Алкалоид стигна до 13-21, а потоа во еден момент и до двоцифрена разлика (16-26). Завршницата беше само рутина за тимот на Кире Лазаров, домаќините успеаја да намалат на шест гола разлика, но не и да внесат било каква неизвесноста во овој натпревар.
Марко Митев одигра извонреден натпревар постигнувајќи девет погодоци, четири гола постигна Серафимов, додека најефикасен кај охриѓани беше Цицар со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА