Ракометарите на Алкалоид ја потврдија фаворитската улога во дуелот против Струга, и славеа убедлив триумф од 20-41. Иако Алкалоид беше гостин, сепак, дуелот се играше во Автокоманда.
Уште од почетокот на натпреварот, избраниците на Кире Лазаров го презедоа водството, и како одминуваше времето само се повеќе го полнеа голот на домаќинот, за на крај да слават убедлив триумф.
Струга ниту имаше шанси да се доближи во ниту еден миг не ја загрози победата на гостите.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Тордарсон кој постигна седум голови од исто толку обиди, додека после него следуваа Петковски и Ѓорговски со по пет голови. Кај поразениот тим четири гола постигна Наум Костов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

