Алкалоид ќе го крене европскиот трофеј во својата „Автокоманда“

Алкалоид ќе го крене шампионскиот пехар од ЕХФ Европскиот Куп во својата сала „Автокоманда“, пред почетокот на реваншот од квалификациите за Лигата на Европа против Хановер.

Тимот предводен од Кире Лазаров доминираше во ЕХФ Европскиот куп минатата сезона, но за жал не доби можност да го крене трофејот поради кукавичлукот на АЕК и одбивањето на грчкиот тим да го одигра реваншот во Скопје. Европската куќа на ракометот објави дека Алкалоид ќе го крене пехарот на првиот домашен меч од следната сезона, а „сино-белите“ се решија за чекор напред, аплицирајќи за место во ЕХФ Европската лига.

Ждрепката не им беше наклонета, за ривал го добија германски Хановер, но тоа нема да го наруши славјето за пехарот, предвидено пред ревнашот што ќе се одигра на 6 септември со почеток во 19.30 часот.

Алкалоид го избра токму својот дом за место на одигрување на овој дуел, се со цел историскиот успех да биде прославен во арената каде избраниците на Кире Лазаров играат во последните неколку сезони.

Се вчитува...